Friday, February 19, 2010

progeCAD 2010 на Architect.mk

Првиот македонски веб портал за модерна архитектура, architect.mk објави рецензија за најновата верзија на програмот на progeSOFT, progeCAD 2010 Professional. Претставени се можностите и функционалностите кој Ви ги нуди progeCAD 2010 Profesional, а исто така за сите оние кои имаат намера да го употребуваат progeCAD во приватни, некомерцијални цели претставен е progeCAD Smart!, кој е целосно бесплатен. Повеќе за рецензијата може да погледнете на овој линк.

Tuesday, February 16, 2010

Зошто progeCAD

progeCAD 2010


После една година равој, progeSOFT ја објавија новата верзија progeCAD 2010 Professional.

progeSOFT progeCAD 2010 Professional е пристапна, моќна, и лесна за користење CAD алатка. ProgeCAD 2010 е базирана на IntelliCAD 6.6 технологија, што донесува низа подобрвања:

* подршка за DWG 2010 форматот
* подобрени перформанси при работењето
* додадена е подршка за шрафирање со градиент
* унапреден Property Toolbar
* Целосна компатибилност со Windows 7 оперативниот систем...

Содржи ALE v.9.0.1 - блок менаџер со база од 11000 блокови подолени по различни области: архитектонски, машински, електро...
Дознајте повеќе за progeCAD 2010>>

progeCAD Smart!


ProgeCAD 2009 Smart! е потполно бесплатна верзија на CAD алатката на progeSOFT - progeCAD. За разлика од последната комерцијална верзија - progeCAD 2010, Smart! верзијата е базирана на верзијата 2009, односно на платформата IntelliCAD 6.5.

ProgeCAD 2009 Smart! се дистрибутира како потполно БЕСПЛАТЕН програм и како таков е врзан со добротворни иницијативи во соработка со акцијата Доктори без граници за помош на жителите на Хаити и останатите деови на светот, загрозени од природни катастрофи. Сите корисници кои сакаат да помогнат во оваа акција можат да приложат донација.

progeCAD Smart! е наменет исклучиво за приватна употреба и не смее да се употребува во комерцијални цели.
Дознајте повеќе за progeCAD Smart!>>

progeBILLD

progeBILLD претставува сет на модули кои ги надоградуваат можностите на progeCAD (но и на AutoCAD или на било кој друг програм базиран на IntelliCAD платформа). Составен е од четири одвоени модули:
* progeBILLD Architectural
* progeBILLD Electrics
* progeBILLD Mechanics
* progeBILLD HVAC/Plumb

progeBILLD Architectural е модул првенствено наменет за градежни инженери и архитекти и овозможува на корисниците лесна изработка на проектна документација - проектантот може да дефинира повеќеслојни ѕидови и да ги зачува во база, а притоа по потреба да ги користи.
Повеќе за овој модул >>

progeBILLD Electrics е модул наменет за електро инженери и за изработка на проекти за високонапонска и нисконапонска мрежа, антенски системи, аларми и останати електрични инсталации.
Повеќе за овој модул >>

progeBILLD Mechanics е модул наменет за машински инженери и за изработка на проектна документција за машински проекти и проекти за челични конструкции. Содржи голема библиотека на стандардизирани елементи, челични профили и останати елементи во согласност со DIN, EN, ISO и други стандарди.
Повеќе за овој модул >>

progeBILLD HVAC/Plumb е додаток кој содржи обемна колекција на алaтки за изработка на 2D и 3D цртежи за системи за греење, вентилација и климатизација (HVAC), како и изработка на проекти за водоводна и санитарна инсталација.
Повеќе за овој модул >>